Ömer Aydın
26 Февруари 2017•Ажурирај: 27 Февруари 2017
ПАРИЗ (АА) - Во пресрет на претседателските избори во Франција, предизборните кампањи се во полн ек. Во градот Нант, каде што лидерката на Националниот фронт Марин Ле Пен, треба да одржи митинг, дојде до судир меѓу демонстрантите и припадниците на безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека во Нант околу 2.000 лица демонстрирале против доаѓањето на Марин Ле Пен и против предизборниот собир кој планира да го одржи.
Демонстрантите оштетија неколку објекти, и го поречија одвивањето на сообраќајот. Од друга страна, премиерот на Франција, Бернард Казнев, најави кампања против Националниот фронт.
Изборите во Франција ќе се одржат во два круга, на 23 април и на 7 мај, а анкетите покажуваат дека засега води Ле Пен.
На второто место се наоѓа независниот кандидат Емануел Maкрон.