спорт

Фудбалски легенди од поранешна Југославија на ревијален меч во Скопје

Од македонските играчи кои го носеа „црвено-белиот“ дрес, настапи Митко Стојковски, а во публиката останаа Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Admir Fazlagic  | 13.11.2018 - Обновена : 14.11.2018
Фудбалски легенди од поранешна Југославија на ревијален меч во Скопје (Foto: Vedat Abdul/ AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Со ревијален меч на фудбалските легенди од Македонија и поранешниот југословенски и европски шампион, белградска Црвена Ѕвезда, беше одбележана 74. годишнина од ослободувањето на Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).

По повод 13 ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, фудбалските легенди, меѓу кои Драган Џаиќ, Владимир Петровиќ-Пижон, Милош Шестиќ, Јован Ачимовиќ, Станислав Караси, Јовица Николиќ, Здравко Боровница, на помошниот стадион на скопскиот фудбалски клуб Работнички, денеска собраа неколку стотици повозрасни, но и помлади љубители на фудбалот, кои дојдоа да ги поздрават своите некогашни омилени фудбалери.

Дел од спомнатите фудбалски ѕвезди настапија на ревијалниот меч, а дел останаа на трибините и во разговор со своите колеги се присетија на деновите од својата младост. Од македонските играчи кои го носеа „црвено-белиот“ дрес, настапи Митко Стојковски, а во публиката останаа Дарко Панчев и Илија Најдоски.

На ревијалниот натпревар, кој се одржа во организација на поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, победи тимот на ветераните на Црвена Ѕвезда, со резултат 0:1.

Денеска се одбележува 13 ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна. Овој датум во главниот град на Македонија се одбележува со повеќе културни, хуманитарни и спортски манифестации.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.