Aldıjana Hadzıc
28 Февруари 2016•Ажурирај: 01 Март 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1832 - Во Белград е основана Националната библиотека на Србија. Се смета за една од најстарите културни институции во Србија.
1854 - Основана е Републиканската партија во САД.
1896 - Почина публицистот, политичар и писател, Анте Старчевиќ. Тој има објавено голем број на песни, фељтони, критики, афоризми и философски есеи.
1900 - Властите во Баден донесоа решение, за прв пат во Германија, за право на жените на високо образование. Жените дотогаш можеле да учествуваат само како гости слушатели.
1922 - Египет доби независност од Велика Британија.
1933 - Хитлер ја забрани активноста на Германската комунистичка партија (КПД).
1935 - Еден од најчесто користените материјали денес, најлонот, е произведен во лабораториите на хемиската индустрија Дипон во САД. Најлонот е произведен од страна на тимот предводен од Валас Каротерс.
1940 - Одржан е првиот пренос на кошаркарски натпревар.
1942 - Роден е гитаристот на групата „Ролинг Стоунс”, Брајан Џонс.
1953 - Во Анкара е потпишан договор за пријателство и соработка помеѓу Турција, Грција и поранешна Југославија.
1985 - Родена е тенисерката Јелена Јанковиќ.