Hüseyin Burak Demirer
29 Јануари 2019•Ажурирај: 29 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Во американската Национална кошаркарска лига (НБА), Голден Стејт Вориорс ја совлада Индијана Пејсерс со 132:100 и дојде до својата 11. последователна победа сезонава, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 5 натпревари во НБА Лигата. Со враќањето на повредениот Демаркус Казинс, кој ги засили редовите на Вориорс на почетокот од сезоната, шампионот на САД последните 2 години, Вориорс, од 18 јануари наваму, игра сѐ подобро.
Вориорс, кој се наоѓа во врвот на Западната конференција, како гостин ја совлада Индијана Пејсерс со 100:132 и со тоа ја зголеми серијата на 11 победи по ред без пораз. Стефен Кари со 26 поени и 6 скока и Казинс со 22 поени и 6 скока дадоа најголем придонес во победата на својот тим.
Кари стана првиот играч во НБА кој во првите 40 натпревари од една сезона во НБА постигнал 200 тројки. Освен тоа, Кари е првиот кошаркар кому му успеало 7 години по ред да ја мине границата од 200 тројки по сезона.
- Резултати од синоќешните натпревари
Шарлот Хорнетс - Њујорк Никс 101:92
Индијана Пејсерс - Голден Стејт Вориорс 100:132
Бостон Селтикс - Бруклин Нетс 112:104
Мемфис Гризлис - Денвер Нагетс 92:95
Лос Анџелес Клиперс - Атланта Хоукс 118:123