Mutlu Demirtaştan
14 Ноември 2018•Ажурирај: 15 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Последниот шампион на американската кошаркарска лига НБА, Голден Стејт Вориорс, на домашен терен ја совлада Атланта Хоукс со 110 : 103, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 3 натпревари во НБА. Вориорс, лидерот на Западната конференција, на домашен терен го совлада Хоукс со резултат 110 : 103 и ја постигна својата 12-та победа во 15 натпревари.
На натпреварот во кој за Вориорс не настапија Стефен Кари и Дрејмонд Грин, Кевин Дурант постигна 29 поени, 6 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки, Клеј Томсон 24 поени, 5 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки и го дадоа најголемиот придонес во победата на својот тим. Квин Кук постигна 18 поени, а Џонас Џеребко 14 поени.
Ова е 4. едноподруг пораз на Атланта Хоукс, која од почетокот на сезоната доживеа 10 порази. Најдобри во редовите на Хоукс беа Таурин Принц со 22 поени, Кент Бејзмор 18 и Алекс Лен со 14 поени.
За вечерва се закажани 11 натпревари.
- Резултати
Кливленд Кавалирс - Шарлот Хорнетс 113 : 89
Денвер Нагетс - Хјустон Рокетс 99 : 109
Голден Стејт Вориорс - Атланта Хоукс 110 : 103