спорт

Харден не успеа сам да ги совлада Нетс

Екипата на Бруклин Нетс, во продолженијата како гостин ја совлада екипата на Хјустон Рокетс, со резултат од 142:145

Hüseyin Burak Demirer  | 17.01.2019 - Обновена : 18.01.2019
Харден не успеа сам да ги совлада Нетс

Ankara

АНКАРА (АА) - Во Американската кошаркарска лига (НБА), екипата на Бруклин Нетс, во продолжението на натпреварот како гостин ја совлада екипата на Хјустон Рокетс, со резултат од 142:145. Ол-стар ѕвездата на Хјустон, Џејмс Харден, постигна 58 поени, 10 скока и 6 асистенции, пишува Anadolu Agency (AA).

НБА лигата продолжи со 8 натпревари. Натпреварот меѓу Хјустон Рокетс и Бруклин Нетс беше највозбудлив. Гостинската екипа Нетс, во продолжение ја совлада екипата на Хјустон, со резултат од 142:145, откако натпреварот во регуларниот тек заврши со нерешен резултат 131:131.

Во екипата на Нетс, дабл-дабл постигнаа Спенсер Динвиди со 33 поени, 10 асистенции и Џерет Ален со 20 поени и 24 реализирани скока. Димар Керол постигна 22, а Тревон Греам 21 поен.

Дабл-дабл скорот од 58-те поени, 10 скока и 6 асистенции на Џејмс Харден, ол-стар ѕвездата на Хјустон Рокетс, не беше доволен за победа.

Харден по четврти пат оваа сезона, а 13. пат во својата кариера постигна 50 поени. Харден, во историјата на НБА во листата на играчи кои постигнале 50 поени го премина Леброн Џејмс и се искачи на 6. место. На првото место е Вилт Чемберлен со 118, следуваат Мајкл Џордан со 31, Коби Брајант со 25, Елгин Бејлор со 17, а пред Харден се наоѓа Рик Бери со 14 натпревари на кои постигнал над 50 поени.

Харден по 18. пат едноподруго ја надмина границата од 30 поени и се изедначи со рекордот на Елгин Бејлор, постигнат во сезоната 1961-1962, кога имаше иста серија. Според ова, Харден се наоѓа на 5. место зад Вилт Чемберлен кој е сопственик на најдолгата серија од 30 поени во лигата на 65 натпревари.

- На натпреварот Вориорс - Пеликанс урнат рекордот во погодоци за 3 поени -

Екипата на Голден Стејт Вориорс на домашен терен ја совлада екипата на Њу Орлеанс, со резултат од 147:140. На овој натпревар Голден Стејт постигна 24 тројки, Њу Орлеанс 19, вкупно 43 тројки со што беше срушен рекордот на НБА. Претходниот рекорд беше срушен на натпреварот меѓу Голден Стејт Вориорс и Сакраменто Кингс, одигран, исто така оваа сезона. На тој натпревар беа постигнати 41 тројка.

Во редовите на Голден Стејт Вориорс, кој ја постигна 6. победа едноподруго, најефикасни беа Стефен Кари со 41 поен и 5 скока, Кевин Дурант со дабл-дабл од 30 поени и 15 скока, додека Драјмонд Грин натпреварот го заврши со дабл-дабл од 17 поени, 14 асистенции и 6 скока.

Во екипата на Њу Орлеанс најмногу поени постигна Ентони Дејвис, 30, следуваат Никола Миротиќ со 29, Џру Холидеј со 25 и Џулиус Рендл со 23 поени.

- Резултати

Детроит Пистонс-Орландо Меџик: 120:115 (во продолжение)

Бостон Селтикс - Торонто Репторс: 117:108

Хјустон Рокетс - Бруклин Нетс: 142:145 (во продолжение)

Мемфис Гризлис - Милвоки Бакс: 101:111

Далас Маверикс - Сан Антонио Спарс: 101:105

Портланд Трејлблејзерс - Кливленд Кавалирс: 129:112

Лос Анџелес Клиперс - Јута Џез: 109:129

Голден Стејт Вориорс - Њу Орлеанс Пеликанс: 147:140

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.