Dejan Maksimoviç
21 Февруари 2017•Ажурирај: 21 Февруари 2017
РИМ (АА) - Бразилецот Хуан Хесус (25), одбранбен фудбалер во Рома, изјави дека неговиот тимски колега, Един Џеко е најдобар и најсилен напаѓач во италијанската Серија А, јавува Anadolu Agency (AA).
Хесус е во најсилната италијанска лига од јануари 2012 година. Тој играше за Интер до јули минатата година, кога одлучи да оди во Рома како позајмен играч.
„Обично ги гледам снимките на напаѓачите за да го видам нивното движење. Сите напаѓачи во Италија е тешко да се задржат, тука се Хосе Каљехон, Aнтонио Кандрева, Гонсало Игуаин, Андреа Белоти и сите тие се многу силни и со добар квалитет. Тогаш почнав да тренирам со најсилниот и најдобриот од сите, Един Џеко. Иако е висок, многу е подвижен. Анализата на напаѓачот е многу важна, а во видеото ќе препознаете што треба да направите на теренот“, вели Хесус.
Џеко оваа сезона игра одлично во дресот на Рома. Тој постигна 29 гола во сите натпревари, а го делат само три од клупскиот рекорд на Франческо Тоти според бројот на погодоци во една сезона.
Досега Хесус има одиграно 122 натпревара во Серијата А и постигна еден гол во дресот на Интер. Пред неговото доаѓање во овој клуб, тој играше за бразилскиот клуб Интернационал.