Emre Doğan
03 Декември 2018•Ажурирај: 04 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во 14. коло на италијанската Прва фудбалска лига (Серија А), Рома на домашен терен одигра нерешено против Интер со резултат 2:2, пренесува Anadolu Agency (AA).
Натпреварот се одигра на Олимпискиот стадион во Рим.
Првото полувреме заврши со водство на Интер, со погодокот на Кеита Балде во 34. минута.
Во 51. минута од второто полувреме Рома успеа да го израмни резултатот со голот на Џенгиз Ундер.
Во 66. минута од натпреварот Интер повторно поведе со голот на Мауро Икарди, а осум минути по овој гол фудбалерот на Рома Александар Коларов од пенал постигна погодок.
Натпреварот меѓу Рома и Интер заврши со нерешен резултат 2:2.
Рома има 20, а Интер 29 бода на табелата.