Emre Doğan
27 Септември 2016•Ажурирај: 28 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Капитенот на „Рома“ од првата фудбалска италијанска лига, ветеранот Франческо Тоти го слави својот 40. роденден. И покрај неговата возраст, тој сѐ уште привлекува внимание со својата игра, јавува Anadolu Agency (AA).
Искусниот фудбалер, кој го привлече вниманието со својата кариера во „Рома“ и во италијанската репрезентација, како и со своите резултати, минатата недела во натпреварот со „Торино“, кој го победи неговиот тим со 3 : 1, го постигна 250 гол во својата кариера во Серијата А.
- Кариерата ја започна во 1992
Тоти го одигра својот прв официјален меч во дресот на „Рома“ против „Бреша“.
Легендарниот фудбалер, кој досега жолто-црвениот дрес го има носено во 604 натпревари во Серијата А, со своите 250 гола засега го зазема второто место на листата на „најдобри стрелци во историјата на италијанската лига“, веднаш зад Силвио Пиола, кој има постигнато 274 гола.
- 25 години во ист тим
Легендарниот фудбалер Франческо Тоти својата професионална кариера веќе 23 години ја гради во тимот „Рома“. Тоти, кој настапил во вкупно 799 меча во својата клупска и тимска кариера, има забележано 309 гола.
Тој ги доживеа шампионатите на „Рома“ во 2001, во Серија А, Италијанскиот куп во 2007 и 2008 и Италијанскиот супер куп од 2001 и 2007.
Италијанскиот напаѓач го носеше националниот дрес против Франција на светскиот куп ФИФА во 2006, кој се одржа во Германија. На ЕУРО 2000, кој беше организиран од Холандија и Белгија, иако Италија не го доби купот, Тоти беше највредниот играч во финалето.
- Најстариот стрелец во Лигата на шампионите
Тоти е најстариот стрелец во Лигата на шампионите на УЕФА.
Успешниот фудбалер се здоби со титулата најстар стрелец во сезоната 2014 – 2015 во Лигата на шампионите, на натпреварот со „Манчестер сити“, кога имаше 38 години и 3 дена. Со ова, тој го надмина фудбалерот Рајан Гигс, кој во 2011 ја носеше оваа титула на возраст од 37 години и 290 дена.
Од друга страна, Тоти е играч кој излегол на најмногу натпревари со жолто-црвените во Лигата и во Европа, како и играч со најмногу дадени голови и во дерби натпреварите меѓу „Рома“ и „Лацио“.
Тој, исто така, во својата кариера во Серијата А е на врвот со најмногу дадени пенали.
Тоти во 2000 и во 2003 е избран за најдобар фудбалер на Италијанската прва лига, а пак во 2000, 2001, 2003, 2004 и во 2007 е избран за најдобар италијански фудбалер во Серијата А.