Ekipa
29 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
ТОКИО (АА) - Експертска комисија формирана од страна на градската управа на главниот јапонски град предупреди дека вкупните трошоци за организација на Летните олимписки игри во Токио 2020 година, доколку не се преземат драстични мерки за намалување, би можеле да надминат 30 милијарди долари (околу 26,7 милијарди евра), јавува Anadolu Agency (AA).
Денес комисијата истакна дека огромните трошоци се одраз на недостаток на лидерство, управување и свест за контрола на трошоците.
Комисијата, на чие чело е професор од Универзитетот Кеио, го формираше Јурико Коике, новоизбраната градоначалничка на Токио, откако изрази загриженост во врска со неофицијалната проценка на трошоците, што може да доведе до голем товар за градот и неговите даночни обврзници.
Во извештајот е изнесен предлог три од седумте спортски борилишта кои се планираат да се градат во Токио, може да се направат користејќи ги постоечките локации, а не да се градат потполно нови објекти кои би можеле по Олимпијадата да бидат бескорисни.