Dejan Maksimoviç
21 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Миралем Пјаниќ (26), фудбалскиот репрезентативец на БиХ и тимски играч на Рома, е воодушевен од изданието на својот соиграч Франческо Тоти (39) вчера вечерта. Тоти влезе во 86та минута во утакмицата против Торино со резултат 2:1 за ривалот и режира неверојатен пресврт, постигнувајќи голови со својот прв допир на топката и три минути подоцна од пеналот за триумф на Рома, со резултат 3:2, јавува Anadolu Agency (AA).
Пјаниќ смета дека изданието на Тоти вчера вечерта било волшебно, и дека се надева дека капитенот нема летото да го напушти клубот во кој ја помина целата своја кариера.
"Тоа беше извонредна вечер. Пред се за Тоти, но и за целиот тим со оглед на тоа дека стигнавме до победа до самиот финиш. Ова што Тоти го прави е навистина волшебно. Се што се случуваше беше лудо, навистина неверојатно. Многу зборуваме за Тоти во клубот, бидејќи тој е фантастична приказна. Тоти е Рома. Неможам да замислам дека ова му е последна сезона во клубот", изјави Пјаниќ за италијанските медиуми и продолжи:
"Од него научив многу работи, сакам да играм со него, станавме големи пријатели и се надевам дека сите овие расправи кои се водат околу него, ќе се решат на најдобар начин. По сето што се случи, низ сето што помина и доживеа, очигледно му е многу тешко да се замисли во друга соблекувална. Тоти е извонреден играч и навистина се надевам дека се ќе заврши најдобро на обострано задоволство".
Пјаниќ во Рома стигна во 2011 година и во неговиот дрес одигра 181 меч при што постигна 28 голови. Од друга страна, Тоти во редовите на "волците" дојде како дете од 13 години. За прв пат дебитираше на 16 години во март 1993 година. Оттогаш одигра неверојатни 755 натпревари во сите натпревари, постигна 305 голови и запиша 189 асистенции.
Рома во четири кругови пред крајот на Серијата А, со 68 голови практично обезбеди трето место, кое води во квалификациите за Лига на шампиони. Над нив се недостижниот лидер Јувентус со 82 и Наполи со 73 бода, а под нив е Интер со 61 бод.