Dejan Maksimovic
02 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
РИМ (АА) - Од Фудбалскиот клуб Рома објавија дека историјата е испишана, откако дресот на Франческо Тоти, во кој го одигра последниот натпревар за италијанскиот клуб, синоќа успешно лансиран во вселената, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тоти, легендарниот дрес со број десет го носеше на 28. мај оваа година, а клубот потоа предложи тој момент да се направи бесмртен со праќање на реплика од дресот во вселената. Тој преглог ја доби поддршката на Тоти, а компанијата Авио, лидер во подрачјето на вселенското патување, ја спроведе идејата во дело.
Летот е испланиран во Италија, а синоќа ракетата Вега, која го носеше дресот на Тоти, успешно беше лансирана од Француска Гвајана.
„Кралот на Рим” за 25 сезони спроведени во Рома одигра 786 натпревари и постигна 306 гола. Му помогна на клубот да дојде до титулата шампион на Италија во сезоната 2000/01. За репрезентацијата на Италија настапуваше 58 пати со девет голови.