Yusuf Özcan
17 Мај 2017•Ажурирај: 18 Мај 2017
ПАРИЗ (АА) - Францускиот астронаут Тома Песке на социјалните мрежи сподели фотографии од Истанбул направени од вселената, јавува Anadolu Agency (AA).
Песке, астронаут на Европската вселенска агенција (ЕСА), на својот профил на социјалните мрежи ги сподели фотографиите од Истанбул, кои ги фотографирал од вселената, објавувајќи дека стратешката позиција на Истанбул се гледа и од вселената.
„Стратешката позиција на Истанбул се забележува и од вселената. Преку теснеците, овозможен е пристап до Црното Море. Градот е во движење; и на копно и на море“.