Canberk Yüksel
17 Мај 2017•Ажурирај: 18 Мај 2017
ЊУЈОРК (АА) - Американските медиуми го обвинија американскиот претседател, Доналд Трамп, дека од поранешниот директор на Федералното биро за истраги (FBI) Џејмс Корни барал да се прекине истрагата за поранешниот советник за национална безбедност, Мајкл Флин, во врска со неговите контакти со Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на неименувани извори од канцеларијата на Корни, весниците „The New York Times“ (Њујорк тајмс) и „The Washington Post“ (Вашингтон пост) објавија детали од личните белешки кои сменетиот шеф на ФБИ, Корни, ги напишал по средбата со Трамп во февруари.
Трамп на состанокот, наводно, рекол дека се надева оти со Корни може да го послуша и да се откаже од истрагата во врска со советниот Флин.
Републиканскиот челник на Комитетот за надзор, Џејсон Чафец, побара од раководството на ФБИ да му ги обезбеди сите постоечки информации и документација во врска со состаноците на Трамп и Корни.
Американскиот претседател Трамп минатата недела го разреши Корни од должноста шеф на ФБИ, поради, како што рече, неефикасната истрага во врска со приватната електронска пошта на поранешната државна секретарка на САД и претседателски кандидат Хилари Клинтон.
Смената на шефот на ФБИ е извршена во екот на истрагата која ја води тоа биро во врска со наводните контакти на тимот што ја водеше предизборната кампања на Трамп со Русија. На чело на тој тим беше Флин, кого Трамп по доаѓањето во Белата куќа го назначи за советник за национална безбедност, а потоа го разреши од должност.
Обвинувањата од страна на американските медиуми на сметка на Трамп беа проследени само еден ден откако истите медиуми го обвинија првиот човек на САД дека на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, минатата недела му открил строго чувана тајна во врска со терористичка организација. Официјална Москва ги негираше тие наводи.