Dilara Zengin,Gamze Türkoğlu Oğuz
20 Јули 2021•Ажурирај: 21 Јули 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Вселенското летало „Њу Шепард“, развиено од компанијата на американскиот милијардер Џеф Безос, „Блу ориџин“ беше лансирано од американската сојузна држава Тексас, со Безос како еден од 4-те патници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипажот беше составен целосно од цивили и без пилот, што е случај забележан за првпат во историјата. Неколку минути по полетувањето, екипажот на леталото стигна до безвоздушниот простор и по кратко патување капсулата се врати на Земјата.
Безос на летот го придружуваше неговиот брат Марк Безос, 82-годишната американска пилотка Воли Фанк и 18-годишниот студент по физика Оливие Димон, син на извршниот директор на „Сомерсет Капиталс Партнер“.
Оливер Димен е „најмладото“ лице која има патувано во вселената, додека Фанк е „најстарото“.