Ekipa
23 Јуни 2016•Ажурирај: 25 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Соларниот авион "Solar Impulse 2", кој минатата година го започна својот пат околу светот, ја премина втората најдолга патека од својот пат и по тродневен лет од Њујорк, утрово слета во Севиља, со што го заврши својот историски лет преку Атлантикот, соопштија швајцарските официјални лица надлежни за вреднување на записот на летот, јавува Anadolu Agency (AA).
Аероклубот од Швајцарија, кој е надлежен за вреднување на записот на летот, соопшти дека "Solar Impulse 2" утрово слетал во Севиља, на југот од Шпанија и на тој начин го завршил 70-часовниот лет, кој беше започнат во понеделникот.
Новиот подвиг на екипата на "Solar Impulse 2" е најдолгиот пат кој авионот го премина оваа година.
Пилотите Андре Борхберг и Бертранд Пикард, на 5-ти март 2015 година од Абу Даби тргнаа на пат околу светот. Со својот проект сакаат да укажат на употребата на чиста енергија и досега завршија 14 етапи од своето патување.
Двајцата пилоти во досегашните 14 етапи преминаа 30.000 километри. Во воздух поминаа околу 400 часа. Авионот има просечна брзина од 45 километри на час, а во периодот кога сончевите зраци се најсилни, тој може двојно да ја зголеми брзината.
Авионот е тежок 2,3 тони, а на крилата чиј распон е 72 метри, поставени се 17.248 соларни ќелии. Благодарение на литиумските батерии тој може да лета и ноќе. "SI 2" досега беше во Индија, Мијанмар, Кина, Јапан, и неколку сојузни држави на САД.