Sarp Özer
29 Август 2018•Ажурирај: 29 Август 2018
АНКАРА (АА) - Турски воен пилот, во рамките на обуката што се спроведува во Соединетите Американски Држави (САД), го изврши првиот лет со авионот „Ф-35“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на Вооружените сили на Турција се наведува дека обуката на турските пилоти во САД продолжува со цел пилотите да можат да управуваат со авионите „Ф-35“.

„Турскиот пилот во рамките на обуката на 28 август првпат управуваше со авионот од типот Ф-35“, се додава во соопштението.
Обуката на турскиот персонал се спроведува во американската воздухопловна база „Лук“.

Турција има за цел да купи најмалку 100 од петтата генерација авиони „Ф-35 лајтнинг II“ во рамките на Мултинационалната заедничка офанзивна програма под водство на САД, на која се приклучи во 2002 година.