Göksel Yıldırım
29 Август 2018•Ажурирај: 29 Август 2018
АНКАРА (АА) - Извозот на Турција во јули е зголемен за 11,6 отсто во однос на минатата година, додека увозот е намален за 6,7 отсто, покажуваат податоците на Зaводот за статистика на Турција (TUIK) и Министерството за трговија на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Објавени се статистичките податоци за јули и податоците за надворешната трговија во периодот од јануари до јули.
Податоците покажуваат дека извозот на Турција во јули изнесувал 14 милијарди 77 милиони долари, додека увозот 20 милијарди 59 милиони долари.
Извозот на Турција во периодот јануари - јули, во споредба со истиот период минатата година, е зголемен за седум отсто и изнесува 96 милијарди 272 милиони долари, додека увозот е зголемен за 10,2 отсто и изнесува 143 милијарди и 23 милиони долари.