Kaamil Ahmed
22 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
ГУВАХАТИ (АА) - Индија денес лансираше 20 сателити во орбитата во една мисија, соопшти владиното Биро за односи со јавност, јавува Anadolu Agency (AA).
Индиската организација за истражување на Вселената (ISRO) во најголемата мисија во историјата на земјата го лансираше сателитот Cartosat-2 за мапирање на површината на земјата, заедно со 19 други сателити, од Сатиш Даван, вселенски центар на источниот индиски брег.
„Честитки од срце до целиот тим. Народот е горд на вашите достигнувања кои ги постигнавте. Уште еднаш покажавте дека индиските способности се зголмуваат”, изјави Пранаб Мукерџи, претседателот на Индија.
Бирото за односи со јавност во соопштението истакна дека 17 сателити беа лансирани за корисници од други земји, од кои повеќето се од САД.
Во 2014 година, Индија го прослави својот напредок во истражување на Вселената, кога успешно ја лансираше сондата во орбитата на Марс. Со тоа стана првата азиска земја која успеа во тоа и првата земја која успешно лансираше сонда во орбитата на Марс при првиот обид.