Mahmut Atanur
22 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на корисници на 4G мрежа во Кина изнесува 530 милиони, со што оваа земја по бројот на корисниците на 4G ги остави зад себе Соединетите Американски Држави (САД) и Европската унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува кинеската новинска агенција Синхуа, Кина е земја со најголема мрежа на 4G системот, кој ја опфаќа целата земја. Бројот на корисници на оваа мрежа во првиот квартал од годината достигна цифра од 530 милиони.
Кина по бројот на корисници на 4G мрежа ги остави зад себе САД и ЕУ. Бројот на базни станици на 4G мрежата во Кина кон крајот на март изнесуваше два милиони.
Интернет економијата во Кина минатата недела се ценеше на околу 171 милијарда долари.
Кина најави дека преминувањето на 5G мрежа, која има висока брзина на мобилен интернет, во земјата може да се очекува до 2020 година.
Кога станува збор за брзината на интернетот, 3G технологијата има брзина од 28 мегабити во секунда, брзината на 4G интернет изнесува 100 мегабити, додека 5G дава можност од 1.000 мегабити во секунда.