Mahmut Atanur
20 Јуни 2016•Ажурирај: 21 Јуни 2016
ПЕКИНГ (АА) - И оваа година најбрзиот компјутер во светот доаѓа од Кина, која го сочува лидерството.
Според информацијата од весникот China Daily, на листата на 500-те најбрзи копјутери во светот, која се формира двапати годишно, е кинескиот супер-компјутер Sunway-TaihuLight. Тој го надмина Tienhı-2, досегашниот шестократен шампион, кој исто така е од кинеско производство и стана најбрз компјутер на светот.
Sunway-TaihuLight е компјутер кој има капацитет од обработи на 125.436 петафлоп процеси во секунда, и е прв компјутер на светот кој ја надмина границата од 100 петафлоп процеси во секунда.
Петафлоп претставува мерка за извршување на 1 катрилион процеси во секунда и се користи при одредувањето на најбрзиот компјутер на светот.
Во меѓувреме, супер-компјутерот Sunway-TaihuLight се наоѓа во новотворениот Националниот центар за суперкомпјутери во покраината Вуши, од државата Ѓангсу.
Tienhı-2, кој досега шест пати беше првак на светот во компјутерска брзина, користи процесори на најголемиот светски американски бренд Интел, додека Sunway-TaihuLight користи процесори кои во целост се од кинеско производство.
Според листата која што беше изработена минатиот ноември, Tienhı-2 со 33,86 петафлор процеси во секунда, зад себе со двојна предност го остави компјутерот Titan кој е од американско призводство.
Од 1993 до денеска, компјутерски експерти од САД и Германија во април и ноември ја формираат листата „Топ 500" на на која се претставени најбрзите супер-компјутери на светот.