Mahmut Atanur
22 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кина во наредните пет години во рамките на различни мисии ќе лансира 150 ракети 'Long March', пренесува Anadolu Agency (AA).
Според зборовите на заменикот-претседател на кинеската Корпорација за вселена, наука и технологија, Чен Ксуечуан, Кина го започна првoто лансирање на ракети пред 46 години.
„Во рамките на петгодишниот програм (2016-2020) годишно ќе лансираме 30 ракети (Long March)" истакна Чен и додаде дека во првите 37 години се лансирани околу стотина ракети, а во наредните седум години се лансирани речиси исто толку, односно заклучно со лансирањето на ракетите на почетокот на месецот, лансирани се 226 ракети.
Во различни мисии од 2006 до 2010 година лансирани се 48, а од 2011 до 2015 година 86 ракети.
Чен истакна дека Кина успешно ги следи земјите водечки во овој сектор.
Во 2016 година Кина планира да изврши околу 20 мисии за истражување на Вселената, вклучувајќи лансирање на два навигациски сателити.
Кина првите ракети 'Long March' ги лансираше на 24-те април 1970 година.