Furkan Naci Top
22 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
АТИНА (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денес престојува во посета на Грција каде што со високи државни функционери разговараше за актуелната состојба со бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).
За операциите на НАТО во водите на Егејското Море со цел да се запре бегалската криза, премиерот на Грција, Алексис Ципрас изјави: "Очигледно е дека проблемите денеска, се резултат на едностраните барања и ставови на Турција."
По средбата премиерот Ципрас и генералниот секретар на НАТО, Солтенберг, во резиденцијата на премиерот одржаа заедничка прес-конференција.
Ципрас изјави дека Грција во рамките на меѓународното право ќе направи сè за да го запре и оневозможи преминувањето на бегалците и истакна дека гледа со задоволство на намалениот број на премини преку Егејското Море, по стапувањето на сила на договорот меѓу ЕУ и Турција.
Ципрас истакна дека поради операциите во Егејот, во кој учествува и Турција, "Нема да ги земеме в предвид нарушувањата на воздушниот простор на Грција од страна на воените авиони на Турција. Овие настани нема да ги сметаме како напади врз суверенитетот и независноста на Грција и ќе покажеме толеранција”, истакна Ципрас.
Разрешувањето на една меѓународна криза во Егејското Море е еден вид тест, рече Ципрас, додавајќи: "Јасно е дека треба да работиме со заеднички заложби за решавање на проблемот, врз база на почит од двете страни"
Ципрас изјави дека Европа изнаоѓа различни начини за справување со настанатите кризи и додаде: "Ние не сме дел од проблемот, туку дел од решението. Не сакаме на постојните кризи во Европа да додадеме уште една."
Солтенберг изјави дека НАТО во водите на Егејското Море, по барање на Грција, Турција и Германија започна со акција за справување со бегалците со помош на крајбрежните безбедносни единици на двете земји и ФРОНТЕКС (Европската агенција за управување со оперативна соработка на надворешните граници на земјите-членки на Европската унија), потсетувајќи: "Вчера посетив еден брод на силите на НАТО. Видов големо партнерство кое дава пголеми резултати."
Солтенберг истакна дека НАТО ќе се бори против криминалните групи и ќе даде свој придонес за спас на бегалците, и додаде: "Им благодарам на Грција и Турција за нивната заедничка соработка. Мораме да продолжиме да дејствуваме заедно."