Mahmut Atanur
29 Април 2016•Ажурирај: 30 Април 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кина до 2036 година за прв пат ќе испрати астронаут на Месечината, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти генералот-потполковник Занг Јулин, потпретседателот на Кинеската вселенска програма со посада, Кина во следните 15 до 20 години планира да испрати астронаут на Месечината.
Покрај тоа, кинеските власти планираат до 2018 година да спроведат значајни чекори на полето на истражување на Вселената.
Пред мисијата на Месечината која ќе има човечки екипаж, Кина во 2017 година планира програма за истражување на Вселената без човечки екипаж „Чанг 5” со цел собирање на неопходни податоци и на тој начин подготовка за испраќање на астронаутот.
Кина во 2013 година со мисијата „Чанг 5” изведе „лесно спуштање” на Месечината, што претставуваше значаен напредок во истражувањето на Вселената.