Emrah Oktay
03 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската фудбалска федерација (ТФФ) објави дека за технички директор на репрезентацијата го назначила Мирчеа Луческу, фудбалскиот стручњак од Романија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението кое го објави ТФФ се вели „Управниот одбор на ТФФ одлучи на функцијата технички директор на репрезентацијата да го постави романскиот фудбалски стручњак Мирчеа Луческу, со кој се договори на ангажман во времетраење 2+1 година, а церемонијата на потпишувњето на договорот ќе се одржи на 4 август, петок во 13.30 часот.
Луческу им е познат на љубителите на фудбалот во Турција. Тој со екипите на Галатасарај и Бешикташ има освоено неколку државни првенства, а со Галатасарај во 2000 година го освои Супер купот на УЕФА, извојувајќи победа над Реал Мадрид.