Fatih Hafız Mehmet
22 Ноември 2019•Ажурирај: 23 Ноември 2019
БРИСЕЛ (АА) - Експертот за одбрана, Бруно Лете, го пофали чекорот на НАТО за развивање на политика за спречување на потенцијалните агресори во вселената, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сојузниците на НАТО на почетокот од оваа недела се согласија вселената да преставува ново опративено подрачје за Алијансата.
Бруно Лете, инаку висок експерт на „German Marshall Fund“ во Соединетите Американски Држави (САД), за АА изјави дека просторот сè повеќе станува поле на воен интерес.
Лете рече дека оваој интерес потекнува од сателитите во вселената, кои имаат воена намена.
Во нив спаѓаат GPS-сателитите кои им помагаат на тенковите, фрегатите и воените бродови да се движат низ земјите или морињата.
„Овие сателити се осетливи, тие се лоцирани таму незаштитени“, рече тој.
Франција и САД ги обвинија двата најголеми конкуренти на НАТО, Кина и Русија, дека сакаат да развијат технологии што можат да ги уништат западните сателити, вели тој.
Лете истакна дека новиот потег на НАТО во врска со вселената е да ја заштити инфраструктурата таму, укажувајќи на сателитите.
„Мислам дека следниот чекор ќе биде развој на политика за тоа“, додаде Лете.
- Изјавата на францускиот претседател -
Бруно Лете изрази загриженост во врска со коментарите на францускиот претседател, Емануел Макрон, за НАТО, кој рече дека Алијансата доживеала „мозочна смрт“.
Тој вели дека Макрон ја дал таа изјава за да ги задоволи своите гласачи.
„НАТО е сè уште столб на стабилноста во безбедносната архитектура која брзо се менува“, додаде Лете.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно изјави дека НАТО нема намера да постави оружје во вселената, а пристапот на Алијансата кон вселената ќе остане целосно во согласност со меѓународното право.