ИСТАНБУЛ (АА) – Се одиграа возбудливи дерби-натпревари во петте најголеми фудбалски лиги во Европа: Премиер лигата (Англија), Бундеслига (Германија), Ла лига (Шпанија), Серија А (Италија) и Лига 1 (Франција), јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа недела, на лидерската позиција во англиската лига е Челси, во германската лига е Баерн Минхен, во шпанската лига е Реал Мадрид, во италијанската е Јувентус, додека во француската лига лидер е Монако.
- Премиер лига -
Лидерот Челси со резултат 3:1 го совлада Арсенал и без пораз го заврши 24. коло од Премиер лигата.
Тотенхем, кој е на второто место на табелата, со резултат 1:0 го победи Мидлсбро.
Со головите на младиот напаѓач Габриел Жесус, кој дојде од бразилскиот фудбалски клуб Палмеирас, домаќинот Манчестер сити го совлада Свонзи сити со резултат 2 : 1.
Тимот на Хал сити како гостин го победи Ливерпул со 2:0, кој нема победа во последните 5 натпревари.
Манчестер јунајтед му беше гостин на последниот шампион на Англија, Лестер сити, и со резултат 3:0 го совлада домаќинот.
На прво место на табелата се наоѓа Челси со 59 поени, второпласираниот Тотенхем има 50 поени, на трето место се наоѓа Манчестер сити со 49 поени. Четвртопласираниот Арсенал има 47 поени, по кој следуваат екипите на Ливерпул со 46 и Манчестер јунајтед со 45 поени.
- Лига 1 -
Дуелот меѓу двајцата кандидати за титулата во француската Лига 1, Монако и Ница, заврши со победа на домаќинот Монако со 3:0.
Шампионот во последните 4 сезони на оваа лига, Пари Сен Жермен (ПСЖ), како гостин, со резултат 3:1 го совлада Дижон.
Со постигнатите резултати, Монако ја чува лидерската позиција со 52 поени. ПСЖ и Ница имаат по 49 поени, но со подобра гол-разлика, ПСЖ е на второто место на табелата.
- Ла лига -
Реал Мадрид сѐ уште е на врвот на табелата на Ла лига, иако оваа недела не го одигра натпреварот со Селта виго, кој беше одложен поради лошите временски услови.
Екипата на Барселона, која го следи лидерот Реал Мадрид, го совлада Атлетико Билбао со 3:0.
Севилја одигра нерешено со Вилјареал, а Атлетико Мадрид како домаќин го победи Леганес со 2:0.
На врвот на табелата се наоѓа Реал Мадрид со 46 поени, и два натпревара помалку. На второто место се наоѓа Барселона со 45 поени, а третопласирана е екипата на Севилја со 43 поени.
- Серија А -
Шампионот во последни пет сезони во италијанската Серија А, тимот на Јувентус, со 1:0 го победи Интер и ја запре серијата од седум последователни победи на Интер.
Во 23. коло од Серија А се двата натпревара на кои беа постигнати голем број погодоци. Едниот натпревар беше дуелот меѓу Наполи и Болоња, кој Наполи го доби со резултат 7:1. Вториот натпревар што го одиграа екипите на Лацио и Пескара, заврши со победа на Лацио од 6:2.
Утре ќе се одигра последниот натпревар од 23. коло, меѓу екипите на Рома и Фиорентина. На врвот од табелата се наоѓа Јувентус со 54 поени, а втор е Наполи со 48 поени.
- Бундеслига -
Заврши серијата од седумте последователни победи на Баерн Минхен, кој во 19. коло на Бундеслигата одигра нерешено 1:1 против екипата на Шалке 04.
На дерби-натпреварот на колото, Лајпциг, кој го следи лидерот на табелата, беше поразен од тимот на Борусија Дортмунд со 1:0.
Во 19. коло на оваа лига, Баерн Минхен има 46 поени, и со 4 поени пред Лајпциг ја чува лидерската позиција. Ајнтрахт Франкфурт со 35 поени е на третото место, а по него следуваат екипите на Борусија Дортмунд и Хофенхајм со 34 поени.
news_share_descriptionsubscription_contact
