ИСТАНБУЛ (АА) - Изминатиот викенд во Европа се одграа натпреварите во петте најголеми фудбалски лиги, Премиер лигата (Англија), Ла Лига (Шпнија), Бундес лигата (Германија), Серија А (Италија) и Лига 1 (Франција), јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа недела на врвот на фудбалското првенство во Англија е Челзи, во Шпанија е Реал Мадрид, во Германија Баерн Минхен, во Италија Јувентус и во Франција Монако.
- Ла Лига -
На врвот на Ла Лига се наоѓа Реал Мадрид, кој како домаќин во 19. коло од првенството, со головите на Сергио Рамос ја совлада Малага со 2:1.
Осасуна како гостин ја совлада Севилја со 4:3, и со петтата последователна победа продолжува да ја следи екипата на Реал Мадрид.
Екипата на Барселона како гостин го совлада Елбар со 4:0.
Депортиво ла Коруња одигра нерешено со Лас Палмас.
На врвот на табелата на Ла Лига се наоѓа Реал Мадрид со 43 поени, и еден натпревар помалку, второпласирана е екипата на Севилја со 42 поени. Третопласирана е Барселона со 41 поен, додека на четвртото и на петтото место се наоѓаат екипите на Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад со 35 поени.
- Премиер лига -
Лидерот во англиското фудбалско првенство како домаќин, со 2:0 ја совлада екипата на Хул Сити.
Екипата на Арсенал којашто на табелата се наоѓа зад Челзи, на домашен терен го победи Барнли со 2:1.
Свонзи Сити како гостин ја совлада екипата на Ливерпул, кој веќе три кола нема постигнато победа.
Дерби натпреварот меѓу екипите на Манестер Сити и Тотенхем заврши нерешено, 2:2.
Манчестер Јунајтед на гости одигра нерешено 1:1, против Стоук Сити, со што ја пропушти можноста да се приближи кон врвот.
На врвот од табелата се наоѓа Челзи со 55 поени, второпласирана е екипата на Арсенал со 47 поени, третопласиран е Тотенхем со 46 поени. Следат Ливерпул со 45, Манчестер Сити со 43 и Манчестер Јунајтед со 41 поен.
- Бундес лига -
Во 17. коло на Бундес лигата, екипата на Баерн Минхен како гостин го совлада Фрајбург 2:1 со головите на фудбалската ѕвезда Роберт Левандовски.
Екипата на Лајпциг на домашен терен беше подобра од Ајнтрахт Франкфурт со резултат 3:0, додека Хофенхајм на гости го совлада тимот на Аугзбург со 2:0.
Баерн Леверкузен како домаќин ја совлада Херта Берлин со резултат 3:1.
На крајот од 17. коло, на врвот од германската Бундес лига се наоѓа Баерн Минхен со 42 поена, второпласирана е екипата на Лајпциг со 39 поени. Третопласирана е екипата на Хофенхајм со 31 поен, додека 4. и 5. позиција ја делат Борусија Дортмунд и Херта Берлин со 30 поени.
- Серија А -
Во 21. коло од италијанското фудбалско првенство, екипата на Јувентус како домаќин го совлада Лацио со 2:0.
Епипата на Рома којашто на табелата се наоѓа зад Јувентус, како домаќин го совлада Каљари со 1:0.
Во дербито на колото, тимот на Наполи како гостин беше подобар од Милан, совладувајќи го со резултат 2:1.
Јувентус се наоѓа на врвот од табелата во Серија А со 48 поени и еден натпревар помалку, второпасирана е Рома со 47 поени, третопласиран е Наполи со 44 поени, додека екипата на Лацио има освоено 40 поени.
- Лига 1 -
Во 21. коло на француската фудбалска Лига 1, лидерот Монако како домаќин го пречека тимот на Лорјен. Монако овој натпревар го доби со резултат 4:0 и ја оствари својата трета последователна победа.
Бастија на гости одигра нерешено со екипата на Ница, и третпат едноподруго одигра нерешен натпревар.
ПСЖ, кој во последните 4 години е шампион на Франција, како гостин го совлада Нант со 2:0.
На крајот од 21. коло, екипата на Монако со 48 поени се наоѓа на врвот на француската Лига 1, второпласирана е Ница со 46 поени, додека третопласирана е екипата на ПСЖ со 45 поени.
news_share_descriptionsubscription_contact
