Ekipa
03 Декември 2018•Ажурирај: 04 Декември 2018
ЛОНДОН (АА) - Управата на англискиот премиерлигаш Саутемптон го отпушти денес шефот на стручниот штаб, Велшанецот Марк Хјуз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Искусниот стручњак Хјуз на клупата на Саутемптон помина помалку од девет месеци, а отпуштен е поради слабите резултати, бидејќи тимот во 14 натпревари оствари само една победа и се наоѓа на дното од табелата во зоната за испаѓање од Премиер лигата.
Саутемптон веќе во среда игра против Тотенхем, а тимот од клупата ќе го води досегашниот помошник-тренер Келвин Дејвис.
Во март минатата година, Хјуз беше назначен за шеф на стручниот штаб на Саутемптон. Иако успеа да го задржи статусот на премиерлигш минатата сезона, Хјуз во 27 меча постигна само пет победи.
Станува збор за важен англиски клуб чија фудбалска академија даде многу познати имиња на англискиот фудбал, како Герет Бејл, Тио Волкот, Алекс Окслејд-Чембрлен и Лук Шо.
Клубот редовно се бори за опстанок во Премиер лигата бидејќи побогатите клубови ги земаат најдобрите играчи и тренерите имаат тешка задача на постојано уигрување со нови фудбалери.
Вирџил ван Дајк, Тоби Алдервеирелд, Дејан Ловрен, Натаниел Клајн, Виктор Вањама, Садио Мане, Адам Лалана и Шо се само некои од фудбалерите кои Саутемптон ги продаде во изминатите пет сезони.