Fatih Erel
04 Декември 2018•Ажурирај: 05 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалерот на Реал Мадрид од средниот ред, Хрватот Лука Модриќ, ја освои наградата „Златна топка“ за најдобар играч на годината за 2018 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лука Модриќ (33) за првпат ја освојува оваа награда и со тоа стана трет играч кој ја добива наградата во период од една деценија, бидејќи од 2008 година Лионел Меси од Барселона и Кристијано Роналдо од Јувентус, ја добија оваа награда во пет наврати.
Секоја година француското списание „France Football“ го доделува трофејот „Златна топка“ за најдобар фудбалер во светот.
Доделувањето на наградата „Златна топка“ беше организирано од страна на ФИФА и „France Football“ до 2015 година, но тие се поделија и ФИФА доделува сопствени награди од 2016 година.
Модриќ ја освои и наградата на ФИФА за најдобар машки играч на годината и наградата на УЕФА за играч на годината за 2018 година.
Лука Модриќ на последното СП играше за репрезентацијата на Хрватска за да му помогне на својот национален тим да стигне до својот прв финален меч на Светското првенство.