Ekipa
10 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Колумбискиот претседател, Хуан Мануел Сантос, денес ја презеде Нобеловата награда за мир, велејќи дека таа дала поттик на неможниот сон за завршување на половина век долгата граѓанска војна во неговата земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во својот говор Сантос наградата ја опиша како дар од небо и ја посвети на сите Колумбијци, посебно за 220.000 убиени и осум милиони раселени лица во најдолжиот судир во западната хемисфера.
„Со овој договор можеме да кажеме дека американскиот континент е од Аљаска до Патагонија, земјата на мирот” , изјави Сантос за време на доделувањето на признанието во Градскиот совет во Осло.
Сантос оваа година го постигна историскиот мировен договор во Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК). Меѓутоа, на референдумот за мировниот договор, граѓаните на Колумбија го одбија само неколку дена пред објавата за добитник на Нобелова награда за мир.
Сепак, Сантос набрзо по тоа потпишта нов ревидиран мировен договор со ФАРК, кој е одобрен од страна на Сенатот, а потоа и од Конгресот на Колумбија.