Fuat Kabakçı
12 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кина во вселената го лансираше првиот метеоролошки сателит на новата генерација „Fengyun-4A",пренесува Anadolu Agency (AA).
Сателитот е лансиран вчера од базата „Xachang" на југозападниот дел на Кина, а во вселената полета на ракетата „Long March-3B/G2."
Сателитот „Fengyun-4A" има задача да ја следи метеоролошката слика и истовремено да праќа податоци во база.
Се очекува значителен придонес на метеоролошките и климатските прогнози за подрачјето на Кина.
Кина издвојува значителни вложувања во истражувањето на вселената, а моментално во орбитата се наоѓаат вкупно седум кинески метеоролошки сателити.