Bedrudin Brlyavac
28 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
ЛОНДОН (AA) - Лестер Сити во минатото коло од Премиер Лигата оствари најголема победа на гости во историјата на оваа лига кога го декласираа Саутемптон со дури 9:0, пренесува Anadolu Agency (AA).
По големиот дебакл, играчите на Саутемптон донесоа одлука да ја донираат неделната плата во добротворни цели.
Како што пишуваат британските медиуми, играчите порачаа дека на овој начин сакаат на некој начин да им се извинат на навивачите и управата на клубот поради поразот за кој пишуваа бројни медиуми.
По десеттото коло, Саутемптон се наоѓа на 18 место во лигата со само 8 поени. Лидер е Ливерпул со 28 бодови, а го следат Манчестер Сити со 22, Лестер со 20, колку што има и Челси.