Doga Kirmizioglu
03 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
АНКАРА (АА) - Новак Ѓоковиќ се повлекува од турнирот во Акапулко, Мексико, откако во четвртфиналето беше поразен од австралискиот тенисер Ник Kиријос со резултат од 2:0, јавува Anadolu Agency (AA).
Натпреварот во Акапулко траеше еден час и 47 минути, а Новак Ѓоковиќ беше поразен со 7:6 и 7:5 во сетови, од речиси една деценија помладиот Австралиец Ник Kиријос (21).
Во вториот полуфинален натпревар силите ќе си ги одмерат Рафаел Надал и хрватскиот тенисер Марин Чилиќ.
Ѓоковиќ очигледно лошо ја започна новата сезона, со оглед на тоа што испадна и во вториот круг на Австралија опен.