Elvir Hociç
19 Февруари 2017•Ажурирај: 20 Февруари 2017
СЕНТ МОРИЦ (АА) - Последниот ден од Светското првенство во алпско скијање во швајцарскиот Сент Мориц, злато во слалом освои и Марсел Хиршер, јавува Anadolu Agency (AA).
По освојувањето на златото во велеслалом, Хиршер и денес во двете возења беше подобар од конкуренцијата и убедливо ја освои титулата првак на светот и во технички најтешката дисциплина - слаломот.
Сребро, денес во Сент Мориц освои уште еден Австриец, Мануел Фелер, кој од Хиршер беше побавен за 68 стотинки.
На подиумот денес се качи и германскиот скијач Феликс Нојротер, кој освои бронзен медал, а од Хиршер беше побавен за 93 стотинки.
Победникот на пет од девет овосезонски саломи на Светскиот куп, Норвенжанецот Хенрик Кристоферсен, четврто место од Германецот Нојротер доцнеше само 11 стотинки.
Второпласираниот и третопласираниот од првиот круг на возење, Марк Шрарц и Мајкл Мат не го издржаа притисокот во второто возење и завршија на седмо и осмо место.