ИСТАНБУЛ (АА) – Мутлу Демирташтан
Викендот продолжија натпреварите во 5-те најголеми фудбалски лиги во Европа, Англија (Премиер лига), Шпанија (Ла Лига), Италија (Серија А), Германија (Бундеслигата) и во Франција (Лига 1).
Манчестер сити во Англија, Севиља во Шпанија, Јувентус во Италија, Борусија Дортмунд во Германија и Париз Сен Жермен (ПСЖ) во Франција се наоѓаат на првото место на табелите во своите национални фудбалски лиги.
- Премиер лига
Последниот шампион Манчестер сити, во 13-то коло на натпреварите од Премиер лигата, на гостински терен ја совлада екипата на Вест Хем Јунајтед со резултат од 4 : 0 и ја забележа петтата последователна победа. Ливерпул, кој се наоѓа во врвот на табелата, на гостински терен ја совлада екипата на Вотфорд со 3 : 0. Дербито на колото се одигра на теренот на Тотенхем, кој на домашен терен ја порази екипата на Челзи со 3 : 1.
По три кола Арсенал извојува победа на гостински терен над екипата на Борнмут со 2 : 1.
Во Премиер лигата по 13. коло на врвот на табелата се наоѓа Манчестер сити со освоени 35 поени, пред екипата на Ливерпул којшто има 2 поени помалку. Следуваат Тотенхем со 30 и Челзи со 28 поени. Арсенал е на петтото место со 27, а Евертон е на шестата позиција со освоени 22 поена.
- Ла Лига
Во шпанската Ла Лига, Барселона, со погодокот постигнат во последната минута од натпреварот, одигра нерешено 1 : 1 против домаќинот Атлетико Мадрид.
Екипата на Севиља на домашен терен го совлада Ваљадолид со резултат од 1 : 0 и стана новиот лидер на шпанската Ла Лига.
Реал Мадрид на гостински терен загуби од екипата на Ејбар со 3 : 0 и по две недели загуби три поени, прекинувајќи ја серијата на победи којашто ја започна под раководството на новиот тренер Сантијаго Солари.
Алавес, која се наоѓа на врвот на табелата, на гостински терен загуби од екипата на Леганес со 1 : 0, додека Еспањол дома загуби од екипата на Жирона со 3 : 1.
Севиља, по 13. коло, со освоени 26 поени се наоѓа на врвот на табелата на Ла Лига. Следуваат Барселона со 25, Атлетико Мадрид 24, Алавес 23, Еспањол 21, Реал Мадрид и Жирона со по 20 поени.
- Серија А
Екипата на Јувентус, која е шампион на Италија последните 7 сезони, на домашен терен совладувајќи ја екипата на СПАЛ со 2-0, ја оствари својата 12-та победа во 13. одиграни кола.
Наполи дома одигра нерешено без голови 0:0 со екипата на Киево, не успевајќи да го спречи зголемувањето на разликата во бодови со лидерот на табелата.
Интер на домашен терен ја совлада екипата на Фросиноне со резултат од 3:0 и се доближи уште еден чекор до врвот на табелата.
Милан на гостински терен одигра нерешено 1:1 против екипата на Лацио.
Во Серија А по 13. коло, Јувентус се наоѓа на врвот на табелата со освоени 37 поени, следува Наполи 29, Интер 28, Лацио 23 и Милан со 22 поени.
- Бундеслига
Борусија Дортмунд, единствениот непоразен тим во Германија ја победи екипата на Мајнц 05 со 2:1.
Борусија Менхенгладбах која се наоѓа на самиот врв на табелата на домашен терен ја порази екипата на Хановер 96 со 4:1, додека Ајнтрахт Франкфурт на гостински терен извојува победа над екипата на Аугсбург со 3:1. Последниот шампион на бундеслигата Баерн Минхен три недели по ред не успеа да освои три поени, на домашен терен одигра нерешено 3:3 против екипата на Фортуна Дизелдорф. Лајпциг на гости беше поразен со 1:0 од Волфсбург, што е прв пораз на оваа екипа по поразот претрпен во првото коло.
По одиграните 12. кола, Борусија Дортмунд е на лидерската позиција со освоени 30 поени, следуваат Менхенгладбах 26, Ајнтрахт Франкфурт 23, Лајпциг 22 и Баерн Минхен 21 поени.
- Лига 1
Лидерот на ПСЖ дома ја порази екипата на Тулуз со 1:0, и ја освои 14 победа по одиграните 14 кола. На тој начин, ПСЖ во рамките на петте големи европски лиги го подобри клупскиот рекорд за најдобар почеток на сезоната. Екипата на Лил трета недела по ред не успева да извојува победа. На гостувањето во Ница загуби со 2:0. Олимпик Лион на домашен терен ја совлада екипата на Сент Етјен со резултат 1:0 и успеа да се искачи на второто место на табелата.
Олимпик Марсеј со 3:1 го победи Амиен, додека Монпелие дома одигра нерешено со 2:2 против екипата на Рен.
По одиграните натпревари од 14. коло во Лига 1, екипата на ПСЖ го задржи водството со 42 поени. Лион има 27 поени, Монпелје и Лил 26, а Марсеј 25 поени.