Ekipa
23 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
МАДРИД (АА) - Управата на Реал Мадрид категорички се противи на идејата за играње на официјалните натпревари на шпанската Ла Лига на стадионите во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние не одиме во САД. Не знаеме на кого му е во интерес тоа, на клубовите и навивачите сигурно не. Жестоко сме против тоа“, порача претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Челниците на шпанската фудбалска лига планираат натпреварот на Барселона и Жирона да се одигра на стадионот во близина на Мајами, што би претставувало официјален почеток на 15-тата годишнина од промотивната кампања на шпанскиот фудбал во Северна Америка.
Од Ла Лига изјавија дека нема да ги принудуваат клубовите да играат на прекуокеанските стадиони, туку тоа да биде на доброволна основа.
Управата на Барселона и Жирона се согласни да го играат натпреварот „преку барата“, но Унијата на фудбалери и дел од навивачките групи го критикуваат овој план.
Шпанскиот фудбалски сојуз во петокот на челниците на Ла Лига им достави листа со проблеми кои ги гледа во предлогот на играње на лигашките натпревари во САД и побара дополнителни појаснувања.