Hüseyin Burak Demirer
25 Ноември 2018•Ажурирај: 26 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Во последната трка сезонава од Светскиот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Абу Даби, победа извојува возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон, јавува Anadolu Agency (AA).
Мерцедес сезонава е победник и во категоријата возачи и во категоријата тимови. Денеска се возеше последната, 21. трка од Светскиот шампионат во Формула 1.
Луис Хамилтон, кој трката ја започна од пол-позиција, беше најбрз на патеката „Јас, Марина“ во Абу Даби, со должина од 5.554 метри, и по извозените 55 круга дојде до својата 11. победа сезонава, 73. во неговата кариера.
Хамилтон со болид на Мерцедес, патеката ја извози за време од 1 час, 39 минути, 40 секунди и 382 илјадити делови од секундтата. Второпласиран е Себастијан Фетел од Ферари, со заостанување од 2 секунди и 581 илјадити дел од секундата, а третопласиран е Макс Ферстапен од Ред Бул, со заостанување од 12 секунди и 706 илјадити делови од секундата.
На четвртата позиција на трката во Абу Даби се најде Даниел Рикардо од Ред Бул, со заостанување од 15 секунди и 379 илјадити делови од секундата, додека петопласиран е Валтери Ботас од Мерцедес.
На 11. позиција на трката во Абу Даби се најде ветеранот, Шпанецот Фернандо Алонсо, кому ова му беше последна сезона во Формула 1.
Првите 5 на Големата награда на Абу Даби:
1. Луис Хамилтон (Мерцедес)
2. Себастијан Фетел (Ферари)
3. Макс Ферстапен (Ред Бул)
4. Даниел Рикардо (Ред Бул)
5. Валтери Ботас (Мерцедес)
Генерален пласман во Светскиот шампионат за возачи во Формула 1:
1. Луис Хамилтон (Мерцедес) 408 поени
2. Себастијан Фетел (Ферари) 320
3. Кими Раиконен (Ферари) 251
4. Макс Ферстапен (Ред Бул) 249
5. Валтери Ботас (Мерцедес) 247
6. Даниел Рикардо (Ред Бул) 170
7. Нико Хулкенберг (Рено) 69
8. Серхио Перез (Форсе Индија) 62
9. Кевин Магнусен (Хас) 56
10. Карлос Саинс (Рено) 53
Генерален пласман на тимови:
1. Мерцедес 655 поени
2. Ферари 571
3. Ред Бул 419
4. Рено 122
5. Хас 93