Yunus Kaymaz
25 Ноември 2018•Ажурирај: 25 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Денеска во „најбрзиот циркус на светот“, Формула 1, ќе се вози последната трка сезонава, „Големата награда на Абу Даби“. Од пол-позиција ќе стартува Британецот во болидот на Мерцедес, Луис Хамилтон, јавува Anadolu Agency (AA).
Вчера на патеката „Јас, Марина“ во Абу Даби, возачите на Формула 1 се бореа за пол-позициите и стартниот поредок. Хамилтон го извози најбрзиот круг. Британецот постигна време од 1 минута, 34 секунди и 794 илјадити делови од секундата, а на втората позиција се пласираше неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас, со заостанување од 162 илјадити делови од секундата.
Третата стартна позиција ја освои Себастијан Фетел од Ферари, а покрај него ќе стартува неговиот колега Кими Раиконен. На петтата и шестата стартна позиција се наоѓаат возачите на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Ферстапен, додека од седмата и осмата позиција ќе стартуваат Роман Грожан од Хас и Шарл Леклер од Заубер. Од деветтата и десеттата позиција стартуваат Естебан Окон од Форс Индија и Нико Хулкенберг од Рено.
На патеката со должина од 5.554 метри, возачите на Формула 1 ќе возат 55 круга за победа на „Големата награда на Абу Даби“ . Стартот на трката е закажан за 14:10 часот.