Mutlu Demirtaştan
25 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Американската професионална кошаркарска лига НБА, екипата на Кливленд Кавалирс на домашен терен го совлада Хјустон Рокетс, со резултат 117:108, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа седум натпревари во НБА. Кавалирс, кој го совлада Рокетс со 117:108, за првпат сезонава постигна последователна победа на два натпревара. Ова е четврта победа на Кливленд сезонава.
Колин Секстон постигна 29 поени, Џордан Кларксон 20, Тристан Томсон постигна дабл-дабл од 16 поени и 20 скока. Охриѓанецот Џеди Осман беше во стартната петорка на Кавалирс и на паркетот мина 23 минути, постигнувајќи 7 поени, 3 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки.
Рокетси го доживеаја својот 9. пораз сезонава. Најистакнати во поразениот Рокетс беа Џејмс Харден со дабл-дабл од 40 поени, 13 асистенции и 4 скока, Ерик Гордон со 28 и Клинт Капела со 12 поени.
- Дурант постигна 44 поени -
Тимот на Голден Стејт Вориорс на домашен терен го совлада Сакраменто Кингс, со резултат 117:116.
Вариорс ја постигна својата 12. победа сезонава, а најголем придонес во тоа дадоа Кевин Дурант со дабл-дабл од 44 поени, 13 скока, 7 асистенции и 2 блокади. На 5 секунди пред крајот на натпреварот, победата на Вориорс му ја донесе погодокот на Клеј Томсон кој на овој натпревар постигна 31 поен.
Најистакнатите во редовите на Кингс - Бади Хилд, со постигнати 28 поени и Марвин Бегли со своите 20 поени не успеаја да го спречат 9. пораз сезонава.
За вечерва се закажани осум средби во НБА лигата.
- Резултати -
Кливленд Кавалирс - Хјустон Рокетс 117:108
Вашингтон Визардс - Њу Орлеанс Пеликанс 124:114
Минесота Тимберволвс - Чикаго Булс 111: 96
Оклахома Сити Тандер - Денвер Нагетс 98:105
Далас Маверикс - Бостон Селтикс 113:104
Милвоки Бакс - Сан Антониот Спарс 135:129
Голден Стејт Вориорс - Сакраменто Кингс 117:116