Şenhan Bolelli
25 Ноември 2018•Ажурирај: 26 Ноември 2018
МАДРИД (АА) - Во 13. коло во шпанската Прва фудбалска лига (Ла Лига), Атлетико Мадрид на свој терен одигра нерешено против Барселона со резултат 1:1, јавува Anadolu Agency (AA).
Во првото полувреме на натпреварот ниту една екипа не успеа да постигне погодок.
Фудбалерот на домашниот тим Атлетико Мадрид, Диего Коста, успеа да постигне погодок во 77. минута на натпреварот.
Барселона во последната минута, односно во 90. минута, со голот на Усман Дембеле успеа да го израмни резултатот, со што натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1.
Барселона со 25 бода успеа да остане на лидерската позиција во табелата, додека Атлетико Мадрид со 20 бода се наоѓа на второто место.