Ekipa
09 Февруари 2019•Ажурирај: 10 Февруари 2019
БАРСЕЛОНА (АА) - Во судир на два патнички воза во петокот вечер на железничката пруга во близина на Барселона, животот го загуби едно лице, а стотина се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Службата за брза помош на Каталонија, на социјалната мрежа Твитер објави дека возовите се судриле во вечерните часови северозападно од Барселона, на делницата меѓу градовите Сант Висенс де Кастелет и Манреса. Во соопштението се наведува дека меѓу стотината повредени, три лица се наоѓаат во животна опасност.
Антонио Кармона, портпаролот на државните железници RENFE, соопшти дека според информациите со кои располагаат, станува збор за фронтален судир, додавајќи дека едниот воз се движел кон Барселона, а вториот кон Манреса.