Ekipa
16 Февруари 2016•Ажурирај: 17 Февруари 2016
БЕРЛИН (АА) - Германските обвинители изјавија дека дека директниот судир на двата воза кој се случи минатата недела се случил поради „човечка грешка”, направена од страна на диспечерот на возовите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во железничката несреќа загинаа 11 луѓе, а речиси 100 беа повредени кога два воза се судрија на дел од линијата каде што имаше само една лента. Несреќата се случи на 60 километри југоисточно од Минхен.
Главниот обвинител Волфганг Гејс рече дека неговата Канцеларија отворила кривична истрага против 39-годишниот диспечер. Тој додаде дека несреќата не би се случила доколу диспечерот делувал во согласност со правилата.