Hasan Esen
16 Февруари 2016•Ажурирај: 17 Февруари 2016
БРИСЕЛ (AA) – Шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф на денешната седница на Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент изјави дека во Сирија треба сите страни да запрат со бомбардирањата, јавува Anadolu Agency (AA).
Потсетувајќи дека Иран и пред три месеци повика на воспоставување на примирје во Сирија, Зариф рече дека тој предлог не е прифатен, но дека сега би требало сите страни да ги окончаат бомбардирањата со цел да се создадат услови за преговори.
„Иран сака да влезе во дијалог со Европа за човековите права. Меѓутоа, тој дијалог треба да биде двонасочен, а не на принципот на монолози или држење лекции само од едната страна”, рече Зариф.
Шефот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Елмар Брок, на денешното заседание ја обвини Русија за новата ескалација на сириската криза.
„Луѓето и понатаму умираат. Не можам да кажам кој на теренот прави помали грешки од останатите. Мораме итно да најдеме решение за оваа драматична ситуација и хуманитарна трагедија. Русија со својата интервенција во Сирија се обидува да придобие време до спогодбата. Тоа дополнително го отежнува брзото изнаоѓање на решение и додатното продлабочување на кризата”, рече Брок.
По седницата, Зариф и Брок им се обратија на новинарите, истакнувајќи дека е неопходно итно запирање на бомбардирањата во Сирија.