Dejan Maksimovic
05 Октомври 2017•Ажурирај: 06 Октомври 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека Атлетико Мадрид ги информирал оти поради логистички проблеми на новиот стадион „Ванда Meтрополитано“, тој не е во можност да ги испорача картите, кои претходно им беа понудени на клубовите на навивачите на Барселона, за натпреварот во Ла Лига што ќе се одржи в сабота, 14 октомври, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ако навистина се случи Атлетико да не обезбеди билети за навивачите на каталонскиот клуб, тоа ќе биде втор натпревар по ред на којшто избраниците на тренерот Ернесто Валверде ќе играат без поддршката на своите фанови.
Минатата недела, Барселона го одигра без навивачи домашниот турнир на стадионот „Камп Ноу“ против Лас Палмас, поради одржувањето на референдумот за независност на Каталонија
Поради логистички проблеми на новиот стадион „Ванда Meтрополитано“, Атлетико Мадрид не е во можност да испорача карти, кои претходно им беа понудени на клубовите на навивачите на Барселона за натпреварот во Ла Лига в сабота, 14 октомври, соопштија од „Барса“.
Каталонскиот клуб има одличен почеток на сезоната во Ла Лигата. По седум кола има идеален учинок и со 21 поен се наоѓа на врвот од табелата.
Второпласираната Севиља заостанува за пет, а Валенсија и Атлетико Мадрид за шест поени. Најголемиот ривал на Барса, Реал Мадрид се наоѓа на петтото место, со седум поени помалку.