Abdulkadir Karakaya
08 Март 2021•Ажурирај: 09 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Викендов продолжија натпреварите во 5-те најголеми фудбалски лиги на Европа, Премиер лига (Англија), Ла лига (Шпанија), Бундеслига (Германија), Серија А, (Италија) и Лига 1 (Франција), пишува Агенција Анадолија (АА).
На првото место во англиската Премиер лига се наоѓа тимот на Манчестер Сити, во Шпанија првопласиран е Атлетико Мадрид, во Италија Интер, во Германија Баерн Минхен, а во Франција Лил.
- Премиер лига -
Тимот на Манчестер Сити, кој во Премиер лигата има голема предност пред второпласираниот Манчестер Јунајтед, во меѓусебниот дуел, на домашен терен загуби со резултат 0:2. Со оваа победа, Манчестер Јунајтед стави крај на серијата од 21 победа на Сити во сите натпреварувања.
Актуелниот шампион на Премиер лигата, екипата на Ливерпул, која минува лоши денови оваа сезона, загуби на домашен терен од Фулам со минимални 0:1, доживувајќи го шестиот последователен пораз. Тимот на Лестер Сити, кој се наоѓа на третото место во Премиер лигата, како гостин го совлада Брајтон со 1:2.
На првото место во Премиер лигата се наоѓа Манчестер Сити со 65 бода. Второпласиран е Манчестер Јунајтед со 54 бода, Лестер Сити е третопласиран со 54, а Челзи е на четвртата позиција со 47 бода. Денеска ќе се одиграат преостанатите два натпревара, Челзи - Евертон и Вестхем Јунајтед - Лидс Јунајтед.
- Ла лига -
Викендов се одигра дерби на шпанската Ла лига меѓу првопласираниот Атлетико Мадрид и третопласираниот Реал Мадрид. Натпреварот на кој Атлетико Мадрид беше домаќин заврши без победник 1:1.
Барселона на гостувањето во Осасуна победи со 0:2, додека Севиља загуби 2:1 на гостувањето во Елче.
По 26. коло на првото место во шпанската Ла лига се наоѓа Атлетико Мадрид со 59 бода. Следуваат Барселона со 56, Реал Мадрид со 54 и Севиља со 48 бода.
- Серија А -
Второпласираниот Милан со 0:2 победи на гостувањето во Верона.
Јувентус, актуелниот првак на Италија, на домашен терен со 3:1 го совлада Лацио, додека Рома со 1:0 ја совлада Џенова. Денес со почеток во 20:45 часот Интер на домашен терен ја пречекува Аталанта.
По 26. коло во Серија А, на првото место се наоѓа Интер со 59 бода. Следува Милан со 56, Јувентус со 52 и Рома со 50.
- Бундеслига -
Екипата на Баерн Минхен, шампионот на Германија, во последните 8 сезони, на домашен терен со резултат 4:2 ја совлада Борусија Дортмунд.
Второпласираниот Лајпциг како гостин со 0:3 го совлада Фрајбург. Волфсбург како домаќин со резултат 1:2 загуби од Хофенхајм.
По 24. коло во германската Бундеслига, Баерн Минхен е лидер со 55 бода. Второпласиран е Лајпциг со 53 бода, на третото место е Волфсбург со 45 бода, додека Франкфурт Ајнтрахт се наоѓа на четвртата позиција со 43 бода.
- Лига 1 -
Тимот на Лил, кој се наоѓа на врвот во француската Лига 1, на домашен терен со резултат 2:0 го совлада Олимпик Марсеј.
Екипата на Париз Сен Жермен (ПСЖ), освојувачот на француското фудбалско првенство во последните 7 сезони, како гостин со резултат 0:1 го совлада Бордо. Олимпик Лион со 1:0 на домашен терен го совлада Рен.
По 28. коло во француската лига, Лил се наоѓа на првата позиција со 62 бода. ПСЖ е второпласиран со 60 бода, третопласиран е Олимпик Лион со 59 бода, додека Монако се наоѓа на четвртото место со 55 бода.