Hüseyin Burak Demirer
08 Март 2021•Ажурирај: 08 Март 2021
АНКАРА (АА) - Утре започнуваат да се играат реванш-натпреварите од осминафиналето на УЕФА Лигата на шампионите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во најзначајното клупско фудбалско натпреварување на Европа, УЕФА Лигата на шампиони, на 9 и 10 март и на 16 и 17 март се играат реванш-средбите од осминафиналето на ова натпреварување, по што ќе бидат познати четвртфиналистите на ЛШ.
Утрешниот натпревар меѓу Борусија Дортмунд и Севиља ќе го води турскиот судија Џунејт Чакир.
Сите натпревари од осминафиналето на УЕФА ЛШ започнуваат во 21:00 часот, а распоредот на средбите изгледа вака:
- 9 март (вторник)
Борусија Дортмунд - Севиља (3:2) - прва средба
Јувентус - Порто (1:2)
- 10 март (среда)
Ливерпул - Лајпциг (2:0)
Париз Сен Жермен - Барселона (4:1)
- 16 март (вторник)
Реал Мадрид - Аталанта (1:0)
Манчестер Сити - Борусија Менхенгладбах (2:0)
- 17 март (среда)
Челзи - Атлетико Мадрид (1:0)
Баерн Минхен - Лацио (4:1).