Hüseyin Burak Demirer
20 Септември 2018•Ажурирај: 20 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Во рамките на Лигата на шампиони, синоќа се одиграа осум натпревари од групите Е, Ф, Г и Х, со што е завршено првото коло, пишува Anadolu Agency (AA).
Португалскиот интернационалец и светска фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо, коj го имаше својот 154. натпревар во Лигата на шампиони, а прв во редовите на италијанскиот Јувентус, за првпат на натпревар во Лигата на шампиони доби црвен картон. Иако Јувентус од 29. минута на натпреварот играше со играч помалку, на средбата против домаќинот Валенсија извојува победа од 2:0. Погодоците за Јувентус ги постигна босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ во 45. и 51. минута од натпреварот.
Реал Мадрид, освојувачот на Лигата на шампиони последните три години, на домашен терен ја пречека екипата на Рома и од Сантјаго Бернабеу ја испрати со празни раце. Со погодоците на Иско во 45., Герет Бејл во 58. и Маријано Диаз во судиското продолжение 90+2, оствари убедлива победа над Рома од 3:0.
- Нагелсман - најмлад тренер во Лигата на шампиони -
Екипата на Хофенхајм која за првпат во својата историја игра во Лигата на шампиони, на гостински терен одигра нерешено против Шахтјор Доњецк 2:2. Тренерот на Хофенхајм, Јулијан Нагелсман, со своите 31 година и 58 дена влезе во историјата како најмлад технички директор на фудбалски клуб кој настапувал во Лигата на шампиони.
Екипата на Олимпик Лион на гостински терен успеа со резултат 1:2 да го совлада домаќинот Манчестер сити и уште во првото коло направи едно од најголемите изненадувања. Погодоците за Лион ги постигнаа Максвел Корнет во 26. и Набил Фекир во 43. минута. Единствениот погодок за Манчестер сити го постигна Бернардо Силва во 67. минута.
Резултати и табели од натпреварите одиграни во групите Е, Ф, Г и Х во Лигата на шампиони:
Група Е:
Ајакс - АЕК 3 : 0
Бенфика - Баерн Минхен 0 : 2
Група Ф:
Шахтјор Доњецк - Хофенхајм 2 : 2
Манчестер сити - Олимпик Лион 1 : 2
Група Г:
Викторија Плзен - ЦСКА Москва 2 : 2
Реал Мадрид - Рома 3 : 0
Група Х:
Валенсија - Јувентус 0 : 2
Јанг бојс - Манчестер јунајтед 0 : 3