Serhat Bağbars
06 Август 2018•Ажурирај: 07 Август 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Извлечени се паровите од плејоф-натпреварите во најпрестижното европско фудбалско клупско натпреварување Лигата на шампиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Во швајцарскиот град Нион се одржа извлекувањето на паровите од плејоф-натпреварите во Лигата на шампиони, на кое учество зедоа екипите учеснички во 3. елиминациско коло и екипите што ќе учествуваат на плејоф-натпреварите.
Македонскиот претставник во Лигата на шампиони, Шкендија, доколку во 3. елиминациско коло го помине Салцбург, тогаш во плејоф-средбата ќе се сретне со победникот од дуелот Црвена ѕвезда - Спартак Трнава.
Турскиот претставник Фенербахче кој во 3. елиминациско коло се среќава со екипата на Бенфика, доколку излезе како победник од овој дуел, тогаш во плејофот ќе игра со победникот од средбата ПАОК - Спартак Москва.
Првите средби од плејоф-натпреварите се закажани за 21-22 август, додека реванш средбите ќе се одиграат на 28-29 август.