Yunus Kaymaz
12 Април 2018•Ажурирај: 13 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Националната кошаркарска асоцијација на САД (НБА), по завршувањето на нормалниот тек од првенството, продолжува со плејоф натпреварите, јавува Anadolu Agency (AA).
По синоќешните напревари, заврши нормалниот дел од НБА-сезоната, во која клубовите одиграа по 82 натпревари. Лидер на Западната конференција е тимот на Хјустон Рокетс со извојувани 65 победи, додека во Источната конференција лидерската позиција ја има Торонто Репторс со извојувани 59 победи во нормалиот дел од првенството на НБА.
Плејоф-натпреварите во НБА започнуваат на 14 април, а во дуелите на Западната и Источната конференција на НБА ќе се сретнат:
- Источна конференција:
Торонто Рапторс (1) - Вашингтон Визардс (8)
Бостон Селтикс (2) - Милвоки Бакс (7)
Филаделфија Севентисиксерс (3) - Мајами Хит (6)
Кливленд Кавалирс (4) - Индијана Пејсерс (5)
- Западна конференција:
Хјустон Рокетс (1) - Минесота Тимберволвс (8)
Голден Стејт Вориорс (2) - Сан Антонио Спарс (7)
Портланд Треил Блејзерс (3) - Њу Орлеанс Пеликанс (6)
Оклахома Сити Тандер (4) - Јута Џез (5)